Струмица ги обнови „легнатите полицајци“ на две локации во градот

Пред почетокот на новата учебна година, на две локации во градот се изврши обновување на вештачките издадености на коловозот, популарно наречени „легнати полицајци“. Вакво обновување е извршено на улицата „Моша Пијаде“ пред основното општинско училиште „Сандо Масев“ и пред средното општинско училиште „Јане Сандански“ и на улицата „Маршал Тито“ пред средното општинско училиште „Никола Карев“. Целта на обновувањето е зголемување на безбедноста на учениците од овие училишта се вели во информацијата од општина Струмица

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници