Старицата пронајдена во домот мртва завчера била убиена соопштија од Јавното обвинителството

83 годишната старија која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. ОЈО потврди дека причина за смртта е надворешна сила односно била задавена.

Телото на старицата беше пронајдено во семејната куќа каде што живеела во петокот попладне од нејзини најблиски, при што веднаш повикале брза помош. По пријавата во полицијата веднаш беше излезено на терен при што ја блокираа улицата до домот. Увид од надлежните се вршеше и во саботата во претпладневните часови. За да се утврдат причините за смртта телото на старицата беше  предадено на обдукција.

Во интерес на истрагата други детали не се соопштуваат освен дека е отворена постапка и издадени наредби за прибирање на дополнтиелни докази

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев