Спартанците предводени од струмичани со три победи од Лигата на Европа

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа и третата победа од Лигата на Европа. По победите над Азербејџан и Албанија, четата на капитенот, струмичанецот Никола Ѓоргиев беше убедлива и против Шведска. Скандинавците претрпеа пораз со резултат од 3:1. И во овој дуел блескаа браќата Ѓоргиеви а свое шоу имаше и младиот Филип Маџунков секогаш стандардниот  Александар Љафтов, искусниот  Владо Милев.  Тука беа Михаилов, Урдов, Наков сите струмичани кои се столбот на македонската репрезентативна одбојка.

Вториот турнир ќе биде во Албанија а целта на Македонија е пласман во Ф4 од Лигата на Европа и освојување на ова лига по минатогодишното сребро.

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција