Со Фестивал на локална храна против рудници во Валандово

Со штандови со органска храна и преработки од зеленчук и овошје, валандовчани го кренаа гласот против изградбата на рудникот Казандол. Сметаат дека надлежните и одговорните треба да знаат дека Валандово е рудник на здрава храна и не му требаат други рудници и тешка индустрија. Беа изложени сушени јапоснки јаболка, кајсии, бадеми, разновидни сокови од калинка, џемови и слатка од киви, смокви.

,, Ако почне да функционира рудникот, сето ова ќе го изгубиме. Нема да има органско земјоделско производство, Тогаш што правиме. Што ќе работиме ние. Кој ќе сака да купува зеленчук и овошје од овој регион кога ќе се знае дека овде има рудник,, Тони Ризов органски производител

Сардич МЦ го гради рудникот Казандол и тврди дека тој нема да има штетни емисии врз околината. Тие тврдат дека секој коп откако ќе биде затврено ќе биде засеан со органски ореви со што ќе потврдат дека овој комплекс нема да му наштети на органското земјоделско производство

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица