СОУ „Јане Сандански„ со „Волшебна шума„ на струмичкиот карневал

Самоволи, еднорози, волшебни дрвја ќе ја красат поворката на главната карневалска вечер во Струмица, која годинава ќе се одржи во сабота на 17 февруари. „Волшебна шума„ е насловена маската на струмичката гимназија, која годинава има за цел да прикаже како магијата може да се донесе и во современиот свет.

-„Првата идеја за маската ни беше самовили, па еднорози. На крај се одлучивме сите идеи да ги вклопиме во една. Така се роди идејата за „Волшебна шума„ со која маска сакаме да ја донесеме магијата на струмичкиот карневал„, вели професорката Билјана Костадинова.

Околу 100-тина ученици заедно со своите професори,повеќе од еден месец интензивно работат на изработка на поединечни маски, но и останатите делови кои ќе бидат во склоп на „Волшебна шума„.

-„Со работа почнавме кон крајот на првото полугодие, но интезивно работиме од почетокот на второто полугодие. Навистина ни беше потребно многу време за изработка на 100 поединечни маски за секој учесник во групата„, додаде Костадинова.

Досега гимназијата „Јане Сандански“ се има претсавено со различни маски на струмичкиот карневал, сликари, танц на лавот,мускетари. Сите маски ги изработуваат, како што велат со многу љубов, затоа и имаат освоено повеќе награди за вложениот
труд.

Related posts

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица

Конкурс за необјавена поетска книга „Антево перо“

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош