СОУ „Димитар Влахов„ со „Разиграни кактуси“ на струмичкиот карневал

70 ученици и професори од СОУ „Димитар Влахов„ од Струмица, интензивно работат на подготовка на маската за учество на струмичкиот карневал. Годинава главна инспирација им беше кактусот, со цел, како што велат, да ја симболизираат истрајноста и упорноста на ова растение. По „Струмички ескими„, „Рингишпил„, „Робин Худ„, „Ден и ноќ„, „Сонце и месечина„, средношколците од Димитар Влахов, годинава се одлучија за „Разиграни кактуси„.

СОУ „Димитар Влахов„ од Струмица, досега има учествувано на повеќе карневали низ земјава и странство. Во моментов, група ученици со своите професори се гости на карневалот во Птуј, Словенија.

Сите маски на средното училиште Димитар Влахов се работени со многу труд и љубов, па велат дека со нови идеи и предизвици ке ја продолжат традицијата за учество на струмичкиот карневал.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина