Сопственикот на ,,Жикол,, Никола Пандев денеска се повлече од советот на о.Струмица

Никола Пандев советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ денеска се повлече од советничката позиција во струмичкиот совет.Тој својата писмена оставка ја доставил до советот на 19 Јуни а на денешната 54 седница едногласно советниците ја прифатија неговата одлука.По денешната одлука првиот човек на советот Јосиф Хрисов е должен во наредниот период да ја извести ОИК по што ќе се достави скедниот кандидат од листата на КОалицијата ,,За подобра Македонија,,.

Весна Пешевска од Добрејци ,вработена во Управата за имотно-правни работи на Подрачната едниница на Министерството за финансии во Струмица, се очекува да биде замената за Пандев која ќе биде дел од советот на о.Струмица се до следните Локални избори кои се најавени за октомври година.На денешната седница советниците ги усвоија сите точки на дневен ред а меѓу другото дадоа согласност за формирање општински совет за превенција на детско претстапништво на територија на о.Струмица.

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници