Соопштение, Општина Струмица ги известува сите физички и правни лица дека денеска (31.03.2016г.) Архивата во Секторот за урбанизам и комунални работи на Општината ќе работи до 24 часот

Како Општина која секогаш е во служба на своите граѓани, општина Струмица ги известува сите физички и правни лица дека денеска (31.03.2016г.) Архивата во Секторот за урбанизам и комунални работи на Општината ќе работи до 24 часот.

Работното време се продолжува за да им се излезе во пресрет на сите граѓани и правни лица кои планираат да го искористат последниот ден за поднесување барања за легализација на бесправно изградените објекти.

Физичките и правни лица кои што веќе имаат поднесено барање за легализација геодетските елаборати треба да се достават до 31 декември 2016 година.

Related posts

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“