Сообраќајка на патот Нова Маала – Чанаклија

На 22.06.2022 во 10.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од с.Нова Маала кон с.Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Г.О.(63) од с.Чанаклија и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(39) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.О. кои му биле констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години