,,Солзите на браќата Ѓоргиеви,, – фотографија што Европската одбојкарска федерација ја прогласи за ФОТО на месецот!

Фотографијата со Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви каде прегрнати низ солзи ја славата победата против Унгарија и историскиот успех на македонската  сениорска репрезентација на Европското првенство  е избрана за слика на месецот од страната на ЦЕФ Европската одбојкарска федерација.

„Најверојатно една од емотивно најсилните фотографии од квалификациите за ЕП 2019. Одбојкарите на Македонија веднаш по победата над Унгарија и премиерниот пласман на нивната земја на едно Европско првенство”, стои во коментарот под сликата.

 

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција