Советникот Витанов останува со Сдсм, даде оставка во Вмро Народна

Советникот Витанов се пишмани. Нема да оди во советничката група на Вмро Дпмне. Тврди дека го изманипулирале од централното раководство на неговата партија, да коалицира со Вмро Дпмне, и затоа ја повлекува вчерашната одлука.

„Поради несериозноста на мојата партија Вмро Народна, давам оставка во партијата, и до крајот на советничкиот мандат ќе бидам независен кандидат во советничката група на Сдсм,“ рече Методи Витанов.

И од локалното раководство на партијата изјавија дека ја поддржуваат одлуката на нивниот советник.

„Ние како општински комитет потврдуваме дека Витанов беше изманипулиран и ја поддржуваме оваа негова одлука,“ рече Ристо Пецев-претседател на Вмро Народна, Струмица.

По враќањето на Методи Витанов во советничката група на Сдсм, соодносот на советници на двете партии останува ист, единаесет наспорти единаесет. Од Вмро Дпмне засега не ја коментираат поселдната одлука на Витанов.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години