Си замина Долорес, пејачката на ирскиот бенд „Кренбериз“

Би Би Си јави дека денеска во Лондон почина познатата пејачка Долорес О’Риордан во 46 година од животот.

Краткото соопштение за јавноста не наведува причини за нејзината смрт. Во него се вели дека пејачката заедно со својот бенд била на снимање во Лондон.

Долорес беше на чело на бендот  Кренбериз цели 13 години, до 2003 кога направија пауза, и во 2009 повторно се собраа.

Минатата година бендот го издаде албумот „Something else“ и планирале турнеи по Европа и Северна Америка, но настапите биле скратени поради болките во грбот на пејачката.

Повеќе од 20 години Долорес беше во брак со Дон Бартон, поранешен менаџер на групата Дуран Дуран. Се разделија во 2014. Имаат три деца.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк