Се укинува забраната за движење низ шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, донесе одлуката за укинување на забраната за движење во шума донесена на 7 август.

„Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов, согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари“, соопштија од Министерството.

Од таму информираат дека екипите на Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

 

Related posts

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше

Денеска е Лазарева сабота, утре е „Цветници“