Се укинува екстерното тестирање

Идната министерка за образование и наука, Рената Дескоска денеска на прес конференција соопшти дека оваа учебна година нема да има екстерно тестирање.

„Годинава нема да има екстерно тестирање. За таа цел утре пред пратениците ќе ги достават измените на законите за екстерно тестирање. Затоа се формираат и комисиите кои ќе ја одблокираат работата на Собранието. Се надевам дека законот ќе биде донесен без потреба новиот министер за образование и наука да бара алтернативни методи за укинување на екстерното“, изјави Дескоска.

Според неа, екстерното тестирање ќе биде ставено на дневен ред уште утре и учениците годинава нема да поминуваат низ оваа мерка која доби многу критики во јавноста.
Преземено од fokus.mk
http://fokus.mk/deskoska-se-ukinuva-eksternoto-testirane/

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

Денеска е Лазарева сабота, утре е „Цветници“

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон