Се гради нов дом за брачниот пар Трајкови од Дедино

До крајот на април ќе биде готова новата куќа на брачниот пар Трајкови од радовишко Дедино, чиј дом до темел изгоре во пожарот што се случи кон крајот нa декември минатата година. Возрасниот брачен пар, кој последните месеци ги помина во трошната и напуштена соседска куќа, наскоро ќе се смести во новиот дом кој се подигна на местото каде со децении беше семејното гнездо на Трајкови. На апелот за помош на овие луѓе се одзва фондацијата „ проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, кои се нафатија да изградат куќа и оваа пролет Трајкови да бидат во нов дом.

Од Адора инжинеринг и фонадацијата потенцираат дека куќата се привршува во карабина фаза, а наскоро ќе биде и вселива.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години