Рускиот спектакл „Пјатницки“ утре во Струмица

Струмичани утре ќе имаат уникатна можност да уживаат во спектаклот што ќе им го приреди рускиот државен академски ансамбл „Митрофан Пјатницки“. Составот кој ја негува руската култура, традиција и фолклор е формиран пред повеќе од сто години и ги ангажира најдобрите музичари и солисти од Русија. На нивниот шаренолик репертоар се наоѓаат најпознатите и најубави руски народни песни и ора, а костимографијата и носиите се посебна убавина.

Државниот академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ од Русија, ќе настапи во Струмица и Скопје, во рамки на Деновите на руската култура кои што од 18 до 28 октомври се одржуваат во Централна и Југоисточна Европа.

Ансамблот „Пјатницки“ постои од 1911 година. Името го добил по основачот, Митрофан Пјатницки.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, од 19 часот.

Related posts

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“