Рохани ја предупреди Европа дека ќе продолжат да го збогатуваат ураниумот

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ја предупреди Европа дека Техеран в недела „ќе го направи следниот чекор” за да ги зголеми залихите на збогатен ураниум.

„Ако сакате да изразите жалење или да издадете соопштение, можете тоа да го направите сега”, рече Рохани, објави АП.

Оваа недела Иран го прекрши ограничувањето на залихите со ниско збогатен ураниум утврдени врз основа на нуклеарниот договор од 2015 година и објави  дека в недела ќе го зголеми збогатувањето на ураниум блиску до нивото на нуклеарно оружје ако Европа не понуди нов договор, објави агенцијата.

извор:makfax

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк