Растат тензиите на јужната граница.Бегалците и мигрантите откинале дел од оградата и насилно сакале да преминат на македонско тло

Во текот на вчерашниот ден група бегалци и мигранти се обиделе насилно да влезат на мекдонска територија.Започнувајќи мирен протест,  а во првите редови биле децата бегалците се приближиле кон жичената ограда која ја дели земјава од Грција.За кратко време протестите добиле друга димензија, децата се повлекле наназат а повозрасните употребувајќи сила откинале дел од жичената ограда сакајќи да преминат од другата страна.Грчката полиција реагирала и употребила сила со цел да ја растргне револтираната маса и ја стави под контрола ситуацијата.

Луѓето кои се на Идомени велат дека веќе не издржуваат во нехуманите услови на кои се осудени.Ни потврдија дека има лица на Идомени кои за 700 до 800 евра им ветуваат илегален премин низ Македонија до Србија.

Бројот на бегалците кои се во импровизираниот камп и понатаму е огромен и нема тенденција да се намали.12 ипол илјади луѓе се и понатаму на Идомени, а Грција и по неколку недели од договорот помеѓу Турција и ЕУ бавно ги спроведува инструкциите- бегалците да се вратат во Турција или раселат низ кампови во внатрешноста на земјата.

 

Related posts

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип