Радовишанец украл црковен сеф од „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  Н.Н (39) од Радовиш, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривичното дело „Тешка Кражба“  по чл.236 а в.в 19 од КЗ на РМ.

Имено, пријавениот на ден 10.02.2018 година со цел да се стекне со против правна имотна корист, заедно со НН лице,  од дворното место во Струмица украле рачна количка и со истатa  го извршиле кривичното дело.

Наведениот ден од цркавата „Свети петнаесет тивериополски маченици“ во Струмица, поточно во малата црква Параклис, која се наога во дворното место на црквата со подесен предмет бил отстранет катанецот од влезната врата по што пријавениот со НН лицето ја украле металната каса – сеф,  во кој се наоѓале парични средства околу 6.300 денари кои верниците ги оставаат, по што металната каса ја натовариле на металната  количка која претходно ја украле. Во 02,30 часот пријавениот со НН лицето на ул.„Спиро Захов“ забележувајки ја полициската патрола ја оставиле количката и побегнале во непознат правец.

Веднаш по пријавување на настанот од страна на СВР Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица.

 

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина