Радовишанецот Ашкилов обезбеди пласман на ЕП во тај бокс – Ќе донесам медал за Македонија

Тај боскерот од Радовиш Мите Ашкилов обезбеди учество на Европското првенство во ИФМА што ова година, во октомври ќе се одржи во Сплит во Хрватска. Пласманот го визираше откако го совладата хрватскиот тај боксер Едо Чаврак во квалификациите во Дубровник каде радовишанецот оставил силен впечаток кај организаторите. Со техиниките што ги презентирал и физичката подготвеност во борбата со Чаврак, Ашкилов добил пофални зборови од ексјугословенскиот кикбоскер Бранко Цикатиќ

,, Задоволен сум од настапот и верувам дека доколку обезбедам финансиски средства ќе бидам дел од ЕП. Сакам на Македонија да и донесам медал во тај бокс. Турнирот беше добро организиран. Ми годеа повалните зборови од Бранко Цикатиќ и Марко Перак познатито ММА борец. Ке работам упорно за да бида максимално подготовен за европското натпреварување за да ја остварам целта медал за Македонија,, ни изјава Ашкилов

Освен Ашкилов пласман на ЕП во мај тај бокс обезбеди и Антониот Андов кој исто така забележа победа во квалифиакциите каде учествуваа боксери од просторите на поранешна Југославија. Тренерот на двајцата тај боксери Ристе Ристов изрази задоволство од учинокот на неговите ,,пулени,, од кои очекува добар пласман на ЕП во Хрватска

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција