Професорот Шкариќ ги бодри дојранчани да излезат на референдум

Организирањето референдуми значи дека граѓаните ги превземаат работите во свои раце. Вака професорот по уставно право Светомир Шкариќ ги бодри дојранчани да излезат и да гласаат против рудникот Казандол. На синоќешната трибина во Дојран, Шкариќ рече дека југоистокот ќе влезе во аналите на македонската историја затоа што покажал дека се буди граѓанската свест.

Во недела Дојран ќе го одржи третиот референдум во регионот, по двата успешни во Гевгелија и Богданци. Активистот Јован Џалев предупредува дека Казандол е најголема закана за Дојранското Езеро и за туризмот, и повика граѓаните да го одбранат езерото од потенцијалните загадувачи.

Денеска од политичката партија Дом предупредија дека се подготвува документација за изградба и отворање на нов рударски комплекс во југоистокот, Боров Дол, кој се протега на површина меѓу Конче, Радовиш и Штип. Од Дом велат дека станува збор за уште еден потенцијален рудник ан смртта, кој според нив ќе биде поткрепен со лажна студија за оценка на влијанието врз животната средина, бидејќи досега изработените за Иловица и Казандол имале заклучоци дека се безбедни за животната средина, а содржината во студиите го зборувала токму спротивното.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години