Протест на струмичките раноградинари

Производителите на зелка со предупредувачки протест ги алармираа надлежните и побараа заедничка средба со цел да се најде решение за излезе од катастрофалниот старт со откупот. Го повикаа министерот за земјоделство да се појави во Струмица и да понуди мерки со цел производството со зелка да не скапува по нивите.

Откупната цена на зелката падна на 8 до 10 денари. Земјоделците тврдат дека некој не води грижа за нив околу пласманот.

Трговците тврдат дека интересот од странските пазари за струмичката зелка е многу мал. Тешко се продира во источно европските земји кои зелка увезуваат од Иран.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев