Проект во градинките:Имам право да знам што денес јадеше моето дете

Родителите ќе се запознаат со неделното мени во градинките, како и начинот на кој се чува и приготвува храната. Ова е проектот кој општина Струмица го спроведува во градинките, со цел да се информираат граѓаните, а особено родителите за исхраната на најмалите.

Проектот треба да ги вклучи и родителите во подобрување на исхраната на децата, на тој начин заедно со персоналот би учествувале во концепирањето здрава и правилна исхрана за децата уште од најмала возраст.

Струмица е прва општина во државата која спроведува проект од ваков тип , каде општината заедно со пошироката заедница работат на подобрување на квалитетот и разновидноста на исхраната во градинките.

Related posts

Во понеделник ларвицидна дезинсекција во Југоисточниот регион

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани

Општина Гевгелија со информација за уписи на првачиња