Претставата „Вртелешка„ во петок и сабота премиерно пред струмичани

Општеството го прави човекот да биде брз и да не обрнува внимание на најбитните работи. Во тие моменти тој заборава на љубовта и нејзините вредности. Токму затоа новата претстава која се подготвува на сцената во струмичкиот театар зборува за највредното нешто кај човекот, а тоа е љубовта.

Во петок и сабота во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов„ ќе биде прикажана премиерата на „Вртелешка“, во која ќе играат осум актери од струмичкиот театар.

Театарската претстава „Вртелешка“ е работена по текст на австрискиот автор Артур Шницлер. Режијата е на Драгана Танеска, а костимографијата на Ванчо Василев.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина