По 24 часовна потрага пронајдена Соња

Соња е пронајдена жива и здрава. 24 часови по потрагата, семејството објави дека 34 годишната жена е пронајдена утрово околу 10.30. 

Информацијата ја потврди и полицијата. Од СВР Струмица велат дека повеќе тимови биле вклучени во потрагата по Соња.

Вчера по полициската станица нејзиниот татко Д.А. (60)  од Дабиље пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.А (34), лице со здравствени проблеми, која и претходно во неколку наврати се оддалечувала од домот и е враќана назад. 

СВР ја пронашла во село Водоча и е однесена во Медицински центар Струмица. 

 

Related posts

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Струмичанец со автомобил излетал од патот, тешко повреден сопатникот