Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,58, односно 2,28 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 48 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот М-1 НС поскапува за 0,516 денари за килограм и ќе чини 24,197 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,89 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,97 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години