Полицијата откри 15 мигранти кај Гевгелија во товарно возило на струмичанец

Патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица открила 15 мигранти кај селото Милетково, гевгелиско, информираат од МВР.

Мигрантите биле откриени во товарно моторно возило „фиат-дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица.

„Од страна на полициските службеници бил извршен преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти, од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани, кои биле приведени. За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка“, се вели во билтенот на МВР.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица