Пожар го пеплоса домот на Ристови во струмичко Дукатино

Семејството Ристови од струмичко Дукатино останаа без дом откако синоќа два часа после полноќ избувна пожар во нивната куќа.  Малку недостасувало да бидат затрупани бидејки почнал да паѓа таванот и кровната конструкција. Пожарот го забележала мајката Магдалена која ги разбудила сите членови на семејството плашејки се дека живи ќе изгорат.

Успеале да се спасат но не и покуќнината. Од домот останати се само темелите.

Засега не се знаат причините како настанал пожарот во семејната кука на Ристови во струмичко Дукатино.  Златко сега моли за помош оти нема ниту алишта  ниту каде да  спие.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица