Победничкото селфи на Михаилов

Широки насмевки и многу возбуда се чита на лицата на македонската одбојкарска репрезентација, која главно ја сочинуваат струмичани. По вечерашната победа над Словенија, не стивнуваат позитивните коментари на социјалните мрежи. Почнаа да се огласуваат и одбојкарите. Најчесто со фотографии, како победничкото селфи на Васе Михаилов.

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев, стигнавме и до втората, овојпат драматична од 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) над домаќинот Словенија.

Во првиот сет, момците започнаа фантастични, поведувајќи со 5:1, пред домаќините да се вратат во игра, но предноста беше направена. Вториот сет беше уште подраматичен, откако го добивме со 30:28, по што следуваше падот во формата и дозволивме Словенија да го освои третиот сет.

Во четвртиот сет, Словенците беа подобри на почетокот и имаа две сет-топки, пред во фантастичен пресврт да ги добиеме и со 26:24 да ја запечатиме победата со која ги заддржуваме шансите за пласман во осминафиналето и можеме само да жалиме за пропуштените шанси за победа над Финците, а и против Турците.

 

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига