Победа на Макс Струмица против Работнички

Ракометарите на Макс Струмица со победа го започнаа плејофот. Во рамките на првото коло на свој терен го совладаа Работнички од Скопје со 29:27 иако имаа можност победата да биде поубедлива и со пет гола. Рисовите во целиот натпревар беа доминантни во салата Парк и имаа контрола на резултатот наспроти Работнички кој во ниту еден момент не можеше да им се спротистави на расположените рисови жедни за првата победа во оваа сезона. По воведните десетина минути кога резултатот беше егал Макс наметна свое темпо на игра и резултатски се одлепија. Гостите се обидуваа да направат пресврт но единствено што можеа е да дојдат до негатива од 2 гола

Најефикасни во таборот на Макс Струмица беа Мајиќ со 8, Милосављевиќ и Соколов со по 6 гола. Предноста од 5 гола гостите ја анулираа во последните минути но немаа шанси за пресврт. Со прикажаната игра и ова прва победа струмичките ракометари докажаа дека имаат потенцијал за освојување на третата позиција во македонскиот шампионат веднаш зад Вардар и Металург. Следното коло струмичани играат со Прилеп и тоа во среда повторно дома.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција