Пијан татко од Гевгелија ги тепал со стап малолетните деца а после ги заклучил во подрум.

Синоќа еден час по полноќ пијан гевгеличанец откако се прибрал дома физички ги нападнал со стап своите две малолетни деца во стнот по што им нанел видливи телесно повреди а делото да биде уште погрозно ги заклучил во подрумските простории а на вратата на излегување и ставил и катанец.
Неофицијално дознаваме дека настанот во полиција го пријавил сосед , а за кратко време пристигнале полициските службеници.По нивното пристигнување и увидот дека лицето Д.И е во алкохолизирана состојба му е извршено е алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили.По краткиот тест истиот префрлен и задржан во Полициската станица во Гевгелија.Од МВР соопштуваат дека децата биле веднаш извадени од подрумските простории и се згрижени од страна на социјални работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија.
Денеска не успеавме да добиеме подетални информации што ќе се случува понатаму со децата имајќи во предвид дека се малолетни а ниту како ќе одговара бнасилниот татко.Од Полициската станица Гевгелија велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници