Пијан возач прегази пешак во Струмица

Вчеравечер во 23.30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во с.Дабиле, се случила сообраќајна незгода во која возило „фиат пунто“ со швајцарски национални ознаки,  управувано од Н.З. (56) од Струмица, удрило во пешакот А.М. (72) од Струмица.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен и задржан на лекаување во Медицинскиот центар во  Струмица.

Увид извршила екипа од СВР Струмица.

Кај возачот било констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,47 промили.

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници