Пирова победа на Турново , за нив дуелот Брегалница – Работнички сомнителен !

Фудбалерите на Хоризонт Турново не успеа да се пласираат во плеј офф завршницата од македонскиот фудбалски Шампионат на Макеоднија. На свој терен издвојуваа победа над кратовски Силекс  со 2:1 но залудно. Штипска Брегалница со победата над Работнички во последен момент се проби на 6 позиција која носи опстанок и разигрување на титулата. За Хоризонт Турново дуелот Брегалница-Работнички е премногу сомнителен бидејки Работнички излегол со вториот состав а само неколку дена претходно романтичарите славеле против Штипјани. За титулата ќе играат Вардар, Шкендија, Силекс, Шкупи, Работнички и Брегалница додека за опстанок ќе играат Турново кој е лидер Ренова, Металург и Младост. Турново до крајот на плеј аут лигата ќе има за задача да го избегне баражот во кој повеќе од сигурно е дека ќе игра со Ренова, бидејки две екипи испаѓаат од елитното фудблаксо натпреварување.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција