Пионерите на РК Астраион во Ниш Србија ќе играат пријателски натпревари

Пионерскиот состав на РК ,,Астраион,, од Струмица, викендов во Србија каде ќе одиграат пријателски натпревари во рамките на подготовктие за пролетната полуетапа од пионерскиот ракометен шампионат на Македонија. Според информациите тие веќе се пристигнати и сместени во хотелот Тами во Ниш каде ќе ги одмерат силите со два тима од Србија.

Станува збор за ракометари родени генерација 2002 и 2003 година кои денеска ќе играат со пионерите на РК Јастребац во Блаце покрај Ниш. Мечот е закажан во 16 часот додека утре во 13 часот ,,астраионци,, се среќаваат со екипата на  РК Топличанин во Прокупље

Пионерите на РК Астрион од Струмица во пионерскиот шампионат  есенва по пет одиграни натпревари се на третата позиција во групата 3. Имаат две победи еден нерешен исход и два пораза и се надеваат дека пролетва тој учинок ке биде подобар.

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига