Општина Ново село ќе ги осветлува Колешинскиот и Смоларскиот водопад

Престојниот период општина Ново село  ќе ги започне  активностите за осветлување на водопадите кај Колешино и Смоларе. Станува збор за проекти на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за уредување на туристички локалитети, за кој тендерите се завршени.Планирано е да се изградат  патеки од камен и да биде поставена  урбана опрема до двата водопада. На патеките но и до самите водопади ќе бидат поставени канделбари кои ќе бидат приклучени на уличното осветлување на Колешино и Смоларе. Како што нè информираше градоначалникот на Ново Село Блажо Велков, со изградбата на новите патеки и со осветлувањето на водопадите ќе се олесни пристапот до овие природни убавини и посетителите ќе имаат можност да уживаат во нив и во ноќните часови….

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години