Општина Босилово даде зелено светло за изградба на стационар за бездомни животни

Според проектот на Југоисточниот плански регион, во Гевгелија и Струмица ќе се отворат стационари за згрижување на бездомните животни. Во рамките на стационарите ќе функционира и шинтерски служби со две возила кои што ќе бидат на терен низ сите десет општини во југоисточниот регион и ќе ги прибираат кучињата. На денешната седница на советот на општина Босилово, градоначалникот Зоран Зимбаков рече дека еден дел од средствата за работа на стационарите ќе ги обезбедуваат општините од регионот, а другиот дел ќе биде на товар на државата преку Југоисточниот плански регион.

Related posts

Фондација Елеуса го најавува вториот хуманитарен настан „Децата со љубов – Концерт на добрината“

Градоначалникот Костадинов го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“