ОК СТРУМИЦА – ШАМПИОНИ !!!!!

Одбојкарите на Струмица се новите ШАМПИОНИ на Р.Македонија. Тие и во третиот  финален меч докажаа дека се подобри од Пробиштип . Славеа со 3:0 во сетови за да ја освојат и втората титула во ова натпреварувачка сезона. Во ниту еден момент не беше загрозена победата на избраниците на Кире Ричлиев кои вечерва настапија без капитенот Васе Михаилов заради повреда

Но тука беа останатите кои блескаа пред домашната публика а блеснаа и со златните одличја и Шампионскиот пехар. Со освоената двојна круна Струмица докажа дека е најодбојкарскиот град во Македонија и најавија дека во следните десет години нема да биде отстапена титулата никому. Шампионскиот пехар на струмичани им го врачи првиот човек на Струмица Костадин Костадинов.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција