Од реколта 2017 година повисоки субвенции за тутунот- тутунарите од регионот ќе анализираат, па ќе го кажат својот став

Зголемување на субвенциите за тутунот, за помагање на производителите и стимулирање на оваа индустриска култура. Вака министерот за земјоделство ги најави реформите во субвенционирањето на тутунот кои ќе стартуваат со реколатата од минатата година. Николовски истакна дека висината на субвенциите ќе се доделува согласно класата на тутунот.

Од здруженијата на тутунопрозиводители до струмичко, велат дека ќе ги анализираат измените, по што ќе го кажат својот став. За годинава најверојатнно ќе има и нови откупувачи, велат тие, најавувајќи повеќе детали деновите.

Ресорниот министер, од друга страна истакна дека политиките за развој на тутунопроизводството, нема да ги темелат само преку зголемените субвенции за тутун, туку и преку измени во новиот Закон за тутун и тутунски производи, меѓу другото и укинување на евидентните листови.

И здруженијата и министертвото сметаат дека реколтата 2017 е една од најдобрите изминатите години со просечна цена од 217,5 денари за килограм. Досега откупени се повеќе од 23,5 милион килограми тутун. Во тек е и пријавувањето на земјоделците за евидентни листови.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години