Од денеска ограничување за движење низ шумите

Од денеска до 15 август се ограничува движењето во шумите и шумските појаси. Заради превенција од пожари, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство издаде забрана за движење во шумите во периодот од 7 до 15 часот. Ова ограничување важи за сите лица освен за оние кои имаат дозвола издадена од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми, Македонски Шуми.

Во ведена е и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата. Движењето во шумите и шумските појаси е дозволено по истекот ан ограничувањето, односно од 17 часот попладне до 7 часот наутро, за одмор и рекреација на своја одговорност за безбедноста и ненанесување штета на шумите. Оваа забрана не важи за огранизирана тура на туристи за разгледување на шумите за стопанска намена и националните паркови.

Согласно законот за шумите, за непочитување на ограничувањата, следуваат казни од 1500-2000 евра за лица кои ќе бидат затекнати без дозвола од Македонски шуми во периодот кога важи забраната. Забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата е согласно член 23 од законот за ловтвото, а забрана има и за палење на друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, а како превентивна мерка за заштита од пожари. За непочитување на одредбите од оваа забрана е предвидена парична глоба од 1500-3000 евра.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица