Одбојкарите на Струмица против Лешок по нова КУП титула

Утре (сабота 29.04) во спортската сала при СОУ ,, Димитар Влахов,, одбојкарите на Струмица ќе го одиграт големото финале од Купот на Македонија против екипата на Лешок. Имајки го во предвид квалитетот на екипите, се очекува победничкиот пехар да остане во одбојкарска Струмица кај избраниците на Кире Ричлиев кој со своите момци ова сезона најави атак на двојната круна

Дуелот Струмица Лешок е закажан со почеток во 16 часот. Ако се има во предвид исходот од досегашните нивни меѓусебни пресметки, ,,четата,, на капитенот и репрезентативецот Васко Михаилов би требало да нема многу главоболка против тетовчани. Струмица ова сезона  се покажа како тим кој воопшто не губи на одбојкарските терени, посебно пред своја публика.

Со утрешното финале во машка конкуренција, струмичани ја финишираат ова сезона од која се очекува  двете титули да останат во најодбојкарскиот град во Македонија

Пред машкото финале ќе се одигра женското финале од Купот меѓу екипите на Јанта и Форца.

 

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига