Одбојкарите на Струмица без пораз, славеа и во Тетово

Шампионот Струмица ја забележа и четвртата првенствена победа. На гостувањето  во Тетово славеа против Универзитет Тетово со 3:1 во сетови. Ова е четврта победа на одбојкарите на Струмица и тие се единствената екипа без пораз и максимален учинок.

Во Тетово само вторито сет му го препуштија на домакините, се останато беше лесна задача за избраниците на Кире Ричлиев кои се на лидерската позиција

За разлика од мажите девојките од трите струмичкии клуба претрпеа пораз. Наковски загуби од Планет, Виктори од Јанта а Макс од Куманово

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција