Одбележани 113 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

„Македонија и Гоце Делчев се две нераскинливи нишки. Не може да се зборува за апостолот на македонското револуционерно движење, а да не се спомене нашата Татковина, но и не може да зборуваме за Македонија а да не се потсетиме на Гоце Делчев“. Ова беше дел од говорот на претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов, кој заедно со своите сограѓани се собраа на Градскиот плоштад во Струмица да ја одбележат 113-годишнината од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

Ликот и делото на Гоце Делчев секогаш биле и ќе останат предизвик за сите генерации Македонци. Нам, со нашите постапки, ни преостанува само едно, да го заслужиме достоинството за да се наречеме негови следбеници, рече Христов пред присутните струмичани.

По повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, претставници на локалната самоуправа, политички партии, здруженија на граѓани и државни институции положија свежо цвеќе пред спомен бистата на македонскиот херој. А членовите на рецитаторската секција од Домот за деца и млади „Благој Јанков-Мучето„ изведоа рецитал со револуционерна поезија посветена на Делчев.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години