„НОВУС“ привршува со проектот за прибирање и обработка на информации од јавен карактер

Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица го реализира проектот „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од ЈИПР, преку кои  ќе се креираат истражувачки медиумски содржини со цел  зголемување на информираноста на граѓаните“.

Целта на проектот е анализа, oбработка, прибирање и ефективна примена на информациите од јавен карактер поврзани со економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина како основа за отчетност и транспарентност на институциите во насока на подобрување и остварување на правата на граѓаните, креирање истражувачки стории и зголемување на степеност на информирање на јавноста.

Во изминативе неполни шест месеци проектниот тим на „НОВУС“ работеше на прибирање на податоци од јавен карактер, а завршниот настан е планиран за 30 овој месец, кога треба да бидат соопштени резултатите од реализираните истражувања.

Инаку, проектот се реализира преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина