Не се знае кога ќе почне исплатата на субвенциите, одлуката на Уставен треба да излезе во службен весник

Уставниот суд донесе конечна одлука. Субвенциите на земјоделците може да се исплаќаат откако на денешната седница и официјално ги укина оспорените одредби од Изборниот законик. Сепак до исплата на парите за земјоделците ќе се чека одлуката на Уставен да излезе во Службен весник. Вака информираат и од миниситерството за финансии при што посочуваат дека по официјалното објавување на одлуката на Уставен, ќе пристапат кон исплата на субвенциите согласно динамиката предложена од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството .

Сега се чека на Службен весник. Нема рокови кога треба да излезе одлуката на Уставниот суд а паралелно тече рокот за составување Нова влада. Од тука останува дилемата кога и кој ќе ја започне исплатата, сегашниот или новиот минситер за финансии.

Според податоците од Платежната агенција, досега до Минситерството за финансии се испратени и потпишани налози во вредност од 50 милиони евра за исплата на субвенции до земјоделците. Станува збор за неисплатени субвенции за минатата но и за 2015 тата година

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници