НЕМА ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ, ДЕНЕС НОВА ПРЕПОРАКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДО ВЛАДАТА

Министерството за здравство информира дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанокот на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила.
Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.
Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.

Related posts

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

44-годишна жена го загуби животот пред струмичко Костурино, во неа удрило патничко возило