Најопасната птица на светот усмрти маж на Флорида

Седумдесетипетгодишен маж е усмртен од страна на голем казуар, птица која не може да лета, а потекнува од Австралија и Нова Гвинеја и се смета за најопасна птица во светот. Човекот бил сопственик на птицата и во петокот паднале пред птицата по што таа со огромните канџи го нападнала, објавиле пожарникари од округот, пренесува Макфакс.

Човекот веднаш бил пренесен во болница, каде подоцна починал. Големиот казуар е близок на австралиската ему, која е втора најтешка птица на свето, по нојот.

Според зоолошката градина во Сан Диего, големиот казуар оправдано се смета за најопасна птица на свет.

„Секое стопало со три прсти има канџа како бодеж на внатрешниот палец, која е долга дури 10 сантиметри. Голем казуар може да распарчи секаков плен или закана само со еден брз удар“ се наведува на интернет страницата на зоолошката градина.

Јужниот голем казуар може да биде висок до 1,7 метри.

Управата за диви животни соопштила дека човекот одгледувал големи казуари кои ги купуваат колекционери на егзотични птици.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк