Најмладите пионери на А.Пандев – бронзени на Евима Купот во Бугарија, Талаков најдобар среден играч

Најмладите ,,пандевци,, генерација 2003,  ја освоија бронзата на ,,Евима Купот,, во Банско Бугарија каде учествуваа 12 екипи од Србија,Бугарија, Романија и Малта. Како што не инфомираше тренерот на ова генерација млади фудбалери на ,,Академија Пандев,,  Ѓорги Стојчев,  струмичката и единствена македонска екипа на овој турнир, воопшо не се посрамотила  а малку недостасувало да се најдат и во големото финале. Тие во својата група ги совладаа своите врсници на Локомотив Софија со 3:0,  Балзан од Млата со 6:1,Сокол Марково со 5:0. Ремизираа со Реалниш од Србија 1:1 а пораз од 2:0 претрпеа од бугарскиот состав на Черно Море. Со ваквиот епилог најмладите пионери на А.Пандев или фудбалерите од генерацијата 2003,  се пласираа во полуфиналето каде во драматичен дуел претрпеа пораз од српски Раднички. Струмичката академија губеше 2:0 но израмнија на 2:2, но во финишот од средбата примија гол и не се пласираа во големото финале.

Денеска требаше да го одиграт дуелот од малото финале со Аристон Русе но поради поројните дождови, дуелот не се одигра а распоредот на првите три позиции се одлучи според претходниот учинок. Освен третото место на овој реномиран и силен турнир, Мартин Талаков од Академијата Пандев ја освои наградата за најдобар среден играч во генерацијата 2003 година

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига