Наковски волеј и Партизан ќе имаат соработка, најдобрите одбојкарки ќе заминуваат за Белград на усовршување

Наковски Волеј ќе потпишува меморандум за соработка со ОК Партизан од Белград соседна Србија. Челните луѓе на овој клуб со кадетскиот состав во Струмица доаѓаат утре и престојниот викенд ќе одиграт две пријателски средби. Како што истакна Хари Наковски меморандумот за соработка ќе значи можност дел од одбојкарките на Наковски волеј да заминат на доусовршување во Србија која се смета за една од најголеите светски одбојкарски велесили

Дуелите со кадетките на Партизан ќе се одиграт во Сабота и Недела во салата при Димитар Влахов.Во мегувреме наковски волеј ќе го одигра третиот првенствен натпревар од македоскиот шампионат. Противни утревечер во 19 30 ќе биде СВСК исто така тим составен од искусни одбојкарки. Во недела пак Наковски волеј е домакин на првиот турнир од пионерскиот шампионат

Наковски волеј е најмладиот одбојкарски клуб во Струмица. Во првото коло претрпе пораз од УГД Штип додека во второто славеа во Битола против Пелистер Волеј.

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција