Наградени најдобрите литературни творби по повод Денот на Европа и победата над фашизмот

Наградени најдобрите литературни состави по повод Денот на Eвропа и победата над фашизмот 9 мај. Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Струмица распиша конкурс на тема „Придобивките на европската унија, мотивација и инспирација за мојата иднина„. Над 40 учениците од основните и средните училишта работеа на оваа тема, а 11 од нив беа наградени.

Целта на оваа манифестација, односно пишување творби за денот на Европа, е како што рече Чурлинова – да им се оддаде почит на загинатите борци и секогаш да се сеќаваме на времето кога се изгубени најмногу човечки животи.

Денот на победата над фашизмот и денот на Европа се одбележува секоја година на 9 мај, а со повеќе свечености вчера беше одбележан и во Струмица.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица