Наградата Ристо Шишков за најдобро актерско остварување за Звездана Ангеловска

Актерката на МНТ  Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдбро актерско остварување на ФКТ Ристо Шишков во Струмица чие 29 то издание заврши синоќа. Наградата ја доби  за улогата на Таа во преставата Само глас од Нина Плавањац а во режија на Марјан Нечак. Како што кажа претседателката на жирито Ангеловска била уверлива во својата креација на ликот, актерски моќна и стамена на сцена со одлични трансформации на сцена

Ангеловска по втор пат ја добива наградата Ристо Шишков. Таа синоќа не беше на затворањето на фестивалот а денеска телефонски ни изјави дека не ја очекувала бидејки веќе еднаш била прогалсена. Според неа истата била само потврда за одговорноста на акерите да покажат подобри резултати

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев